сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Унгарија ќе распореди дополнителни воени сили на границата со Украина

Унгарија ќе распореди дополнителни воени сили на границата со Украина

Унгарија ќе распореди војници во близина на границата со Украина, делумно како дел од подготовките за хуманитарни задачи, соопшти денеска Министерството за одбрана.

-Безбедноста на Унгарија е најважна, ја зајакнуваме украинско-унгарската граница, се наведува во соопштението.

Во соопштението на унгарското Министерство за одбрана се посочува дека поради украинско-руската криза, одбраната на границата и подготовките за хуманитарната мисија се подеднакво важни задачи.