петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жител на Врапчиште фатен како врши јавен превоз без да поседува лиценца

Жител на Врапчиште фатен како врши јавен превоз без да поседува лиценца

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Р.А.(58) од с.Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

На 20.01.2022 на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, при контрола, полициски службеници констатирале дека пријавениот со возило „форд“ врши јавен превоз на патници без поседување на соодветна документација за вршење на дејноста издадена од надлежна институција.