четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Низа лажни пријави ја попречуваат потрагата по Матеј Периш: За прв пат проговори и ТОЈ, еве за што станува збор

Низа лажни пријави ја попречуваат потрагата по Матеј Периш: За прв пат проговори и ТОЈ, еве за што станува збор

Марко Маркановиќ е администратор на групата „Исчезнатиот Матеј Периш“ и на вибер групата „Правда за Матеј Периш“, а вчера за прв пат проговори за медиумите.

Тој истакна дека му се јавуваат луѓе од Хрватска, Босна, Србија, Германија, Шведска, Америка, како и дека многу му нудат финансиска помош. Но, тој зборуваше и за лажни пријави, како и за луѓе кои објавуваат фотошопирани фотографии и фотографии од Матеј и на тој начин создаваат конфузија и ја попречуваат истрагата.

-Морам да додадам дека голем проблем е што луѓето фотошопираат фотографии за да добијат публицитет, има многу профили кои наводно се занимаваат со истрагата, а всушност отстапуваат од неа, рече Марко.

Марко тврди дека неговите профили на Инстаграм и Вибер се единствените кои објавуваат валидни информации, како и дека е во постојан контакт со Ненад Периш, а вели и дека често добиваат закани за профилот.

– Обично ми доаѓаат закани бидејќи го водам тој профил, тоа не му го пријавувам на Ненад, не сакам да му пречам на човекот. Ако тој ден ми дојдат 10 закани, го носам мобилниот во полиција и тие реагираат. Полицијата ја проверува секоја пријава, има лажни пријави за да се оттргне од истрагата. Имаше информации дека Матеј бил виден во Нови Сад, Белград, а ниту една информација не е точна, вели Маркановиќ.

Да потсетиме, Матеј Периш (27) од Сплит исчезнал во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември, кога излегол од ноќниот клуб „Готик“. Потрагата по него продолжува.