Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми дефинитивно нема да може да им помогне на соиграчите од Динамо на реваншот со Севилја од Лига Европа. Адеми влезе од клупата во вториот дел на мечот од домашното првенство со Локомотива, за дванаесет минути подоцна да има незгоден судир со соиграч, по кој побара лекарска помош.
Адеми има мускулна повреда и нема да биде подготвен за средбата со Севилја, додека Динамо секојдневно ќе ја следи неговата ситуација и ќе го потврди датумот на враќање.Севилја го победи Динамо со 3:1 на првата средба и ќе има солидна предност во пресрет на реваншот на „Максимир“.