понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Го бараат Матеј во напуштени вагони, кај бездомниците: Детали од потрагата по исчезнатото момче

Го бараат Матеј во напуштени вагони, кај бездомниците: Детали од потрагата по исчезнатото момче

Српската полиција деноноќно работи на случајот со Матеј Периш (27) од Сплит, кој исчезна пред новогодишната ноќ во Белград.

Вчера медиумите објавија непотврдени информации дека полицијата проверува две пријави од граѓани дека е виден исчезнат Матеј. Постар жител на Нови Сад наводно забележал лице кое личело на Матеј, а полицијата веднаш почнала да ја проверува информацијата.

Но, и граѓаните собрани преку страницата „Правда за Матеј Периш“ самоиницијативно започнаа потрага за да ја проверат информацијата дека Матеј Периш е забележан во близина на напуштените вагони кај улицата „Савска“ во Белград.

-Бевме таму. Станува збор за место каде има расипани вагони, но ги нема многу. За жал, личноста која личи на Матеја не е видена! Имавме детални разговори со еден пар (момче и девојка) кои веќе една година живеат таму. Тие го познаваат апсолутно секој човек што престојува таму или преноќува. Сега вагоните се празни, но навечер главно бездомници доаѓаат да преспијат,  рекоа тие.

Според овие наводи, тие не го виделе Матеј.

-Им покажавме слики од Матеј бидејќи не се многу запознаени со случувањата. Ако случајно таму се нашол Матеј, можеби спиел ноќ или две, па продолжил понатаму. Но, двајцата млади дефинитивно би го забележале, се наведува во соопштението.

Тие наведуваат и дека не го нашле жолтиот вагон кој го споменува девојката која наводно го забележала Матеј.

-Што се однесува до жолтиот вагон, кој го спомна девојката, видовме жолта локомотива, а не напуштен вагон. Велат порано бил жолт напуштен вагон, но веќе го нема. Можеби бил таму кога дотичната девојка се шетала со кучето, велат тие.