четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Џафери потврди дека власта ги кочи именувањата во Уставен и сака да го партизира целосно по примерот со Кацарска

ВМРО-ДПМНЕ: Џафери потврди дека власта ги кочи именувањата во Уставен и сака да го партизира целосно по примерот со Кацарска

За ВМРО-ДПМНЕ одбивањето на Талат Џафери да ги примени своите законски овластувања и да ја свика седницата на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата за да може да се изберат новите членови на Уставниот суд претставува продолжение на неговите недемократски и политички коруптивни постапки во раководењето со законодавниот дом на Република Македонија.

-Талат Џафери, блокирајќи ја можноста за избор на членови на Уставниот суд додека не се создаде ново мнозинство во Комисијата за прашањата на изборите и именувањата, по којзнае кој пат покажа дека продолжува да го реализира сценариото на СДСМ за натамошна партизација на Уставниот суд, чин кој започна со изборот на Добрила Кацарска, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ, како и повеќе пати во минатото, му порачува на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да прекине со ваквата лична сервилност кон двоецот Заев-Ковачевски бидејќи забрзано ја носи ја државата кон автократски режим управуван од ДУИ и СДСМ.

-ВМРО-ДПМНЕ го потсетува Талат Џафери дека сталинизмот и комунизмот во кои тој израснал и очигледно се инспирирал, се идеолошки концепти кои одамна се надминати и дека за овие незапаметени преседани носи директна лична одговорност пред граѓаните, но особено пред Уставот и Законите на Република Македонија, истакнуваат од партијата.

Најнови вести