среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Трагедија на „Максимир“ – почина навивач на натпреварот помеѓу Динамо и Севилја

Трагедија на „Максимир“ – почина навивач на натпреварот помеѓу Динамо и Севилја

Динамо Загреб успеа да слави со 1-0 во шестнаестфиналниот реванш дуел против Севилја, но голот од белата точка на Мислав Оршиќ не беше доволен за пласман во следната фаза откако „модрите“ не успеаја да ја надоместат негативата од првиот меч одигран во Шпанија.

По натпреварот ни следат и немили вести откако е потврдено дека навивач на Динамо починал на самиот меч. Имено, станува збор за маж чиј идентитет не е познат, а доживеал срцев удар. За жал трагедијата не ја спречи ниту брзата интервенција на медицинските лица.