сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Украина запре руски трупи, војската објави што земале од руските војници

ФОТО: Украина запре руски трупи, војската објави што земале од руските војници

Генерал-полковник на украинската војска Валериј Залужни објави дека руски трупи биле запрени и спречени да ги пробијат нивните сили.

-На патот кон Чернигов и директно на приодот кон градот, украинската војска успеа да ја задржи одбраната и да го одбие пробивот на руските трупи. Непријателските возила беа принудени да се повлечат од Чернигов во правец на Седнив и од Хродна кон Семенивка, се вели во изјавата на Залужни.

Информираат дека запленети се непријателски трофеи во форма на опрема и документи со лични податоци на Руси.