петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НАРЕДБАТА ДАДЕНА: Руската армија ќе напаѓа од сите страни во Украина

НАРЕДБАТА ДАДЕНА: Руската армија ќе напаѓа од сите страни во Украина
фото илустрација

На руската војска и е наредено да ја прошири својата офанзива во Украина „во сите правци“ откако Киев одби да одржи разговори во главниот град на Белорусија, Минск, се наведува во денешното соопштение на Министерството за одбрана.

-Откако украинската страна го отфрли преговарачкиот процес, денеска сите единици добија наредба да ја прошират офанзивата во сите правци, во согласност со плановите на операцијата-се наведува во соопштението на портпаролот на руската армија, Игор Конашенков.

Сајтот „Киев Индипендент“ предмалку јави дека во главниот град, како и во неколку други градови низ земјата, е прогласена воздушна опасност.