недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Победи на Кристоферсен и Ледецка во Светскиот Куп

По Олимписките игри продолжуваат натпреварите од Светскиот куп во алпско скијање. Во швајцарски Крањ-Монтана во спустот победи Естер Ледецка од Чешка со време 1:30.17.

Второто место го освои Рагнилд Мовинкел од Норвешка со заостанување од 21 секунда, а трета заврши Корнелија Хетер од Австрија. Во Гармиш-Партенкирхен во слаломот победи Хенрик Кристоферсен од Норвешка пред Лоис Мелард од Швајцарија и Мануел Фелер од Австрија. Во генералниот пласман води Марко Одермат.

Утре во Гармиш повторно ќе се одржи трка во слалом.