Украинската компанија „Укравтодор“ задолжена за изградба и одржување на патишта соопшти дека ги отстранува од сообраќај сите сообраќајни знаци што руските сили би можеле да ги користат за да се движат низ земјата.
– Непријателите немаат добра комуникација, не можат да се движат на теренот. Ајде да им помогнеме да стигнат директно во пеколот, напишаа тие во својата објава на Фејсбук и објавија фотографија од стандарден сообраќаен знак на кој насоките кон блиските градови се заменети со вулгарности…