недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 27 возачи под дејство на алкохол На територија на СВР Битола

Казнети 27 возачи под дејство на алкохол На територија на СВР Битола

На 26/27.02.2022 во периодот од 22.00 до 02.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 27 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола – 12, на подрачјето на Прилеп – девет, по два на подрачјето на Ресен и Демир Хисар и по еден возач на подрачјето на Македонски Брод и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 25 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.