среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грција го затвори воздушниот простор за сите руски авиони

Грција го затвори воздушниот простор за сите руски авиони

Во согласност со одлуката на Европската Унија да го затвори воздушниот простор за Руската Федерација, Грција од денеска во следните три месеци забрани летови на сите авиони од Русија, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно издадените авио упатства (НОТАМ) од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, во воздушниот простор на Грција, „забрането е слетување, полетување, влегување и минување низ националниот воздушен простор на Грција на авиони во сопственост на Русија, на руските авиокомпании (AOC), вклучително и приватни авиони”.

Исклучок се хуманитарните летовите, болничките летови и летовите за потрага и спасување по добиено одобрение на грчката Влада, како и сите летови на авиони за итни случаи.

Конкретните авио упатства стапуваат во сила денеска и ќе важат три месеци.