НАТО сојузниците ќе и достават на Украина ракети за противвоздушна одбрана и противтенковско оружје, објави денеска на Твитер генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, додавајќи дека имал уште еден телефонски разговор со украинскиот претседател.
„Само што разговарав со претседателот Зеленски и го пофалив за храброста на народот и вооружените сили на #Украина”, напиша Столтенберг на Твитер.
„НАТО сојузниците ја засилуваат поддршката со ракети за противвоздушна одбрана, противтенковско оружје, како и хуманитарна и финансиска помош”, напиша генералниот секретар на Алијансата.