петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Русите панично вадат пари од банкомати, руската рубља драстично падна

Русите панично вадат пари од банкомати, руската рубља драстично падна

Откако дел од руските банки се исфрлени од СВИФТ системот, поради строгите економски санкции воведени од Западот, Русите панично почнаа да ги вадат заштедените пари.

Вредноста на руската рубља денес драматично падна.

Рускиот весник „Новаја газета“ објави видео на Руси во Москва како чекаат во редици за да подигнат пари од банкоматите.

Соединетите Американски Држави, Европската Унија и сојузниците постигнаа договор да го укинат пристапот на одреден број руски банки до меѓународниот платежен систем СВИФТ.