вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Британија забрани пристап на руските бродови на нивните поморски пристаништа

Британија забрани пристап на руските бродови на нивните поморски пристаништа

Британскиот секретар за транспорт Грант Шапс им нареди на сите поморски пристаништа во Велика Британија да не им се дозволли пристап на руските бродови, како одговор на инвазијата на земјата на Украина.

Наредбата за забрана се однесува на „секој брод за кој тие имаат причина да веруваат дека е во сопственост, контролиран или управуван од кое било лице поврзано со Русија“ или на списокот со санкции, „со руско знаме; регистриран во Русија“, објави тој на Твитер.