Финска донесе „историска“ одлука да и испорача оружје на Украина по руската инвазија на нејзиниот прозападен сосед, објави премиерката Сана Марин.
– Финска ќе обезбеди воена помош за Украина. Тоа е историска одлука за Финска, изјави Марин на прес-конференција.
Поголемиот дел од Финците сега се за влез во НАТО, според анкетата објавена денеска што се толкува како историска промена во ставот и голема промена во споредба со пред само неколку месеци.
Според анкетата, нарачана од јавниот радиодифузен сервис Yle, 53 отсто од Финците го поддржуваат пристапот на нивната земја во воената алијанса, 28 отсто се против, а 19 отсто не биле сигурни. (МИА)