четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Началникот на ГШ Васко Ѓурчиновски на средби во Пентагон

Началникот на ГШ Васко Ѓурчиновски на средби во Пентагон

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој престојува во повеќедневна работна посета на Соединетите Американски Држави, во текот на вчерашниот ден, го посети Пентагон каде имаше повеќе работни средби со високи воени раководители на највисоката воена команда на САД, соопшти ГШ на Армијата на Република Северна Македонија.

Генералот Ѓурчиновски, придружуван од командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, најпрвин оствари средба со началникот на Бирото на Националната гарда на САД, генерал Даниел Хокансон.

На средбата е разговарано за соработката која Армијата на Република Северна Македонија ја реализира со Националната града на Вермонт во рамки на партнерската Програма за соработка, која има големо значење во достигнатото ниво на интероперабилност при нашето членство во НАТО и врз основа на која досега се реализирани многубројни заеднички активности.

Работната посета на Пентагон, генералот Ѓурчиновски ја продолжи со средба со заменик на претседавачот на Здружениот штаб на Вооружените сили на САД, Адмирал, Кристофер Грејди. Од страна на генералот Ѓурчиновски се презентирани активностите кои Армијата на Република Северна Македонија ги спроведува во полето на одбраната по целосната интеграција на земјата во НАТО, пред се во процесот на трансфоромација, опремување и модернизација, заедничките активности со ВС на САД и поддршката која ја овозможува стратегиското партнерство со САД, значењето на од.

Генералот Ѓурчиновски ги истакнал и стекнатите бенефити и искуства на нашите армиски припадници од заедничкото учество во мировните мисии и меѓународните воени вежби со Вооружените сили на САД.

Делегацијата оствари средби и со директорот на Директоратот за воена поддршка на цивилните институции, Дир Хирш, како и со раководители од Одделот за стратегии, политика и планирање во Здружениот штаб во Пентагон.

Во разговорите е потенцирана цврстата определба за понатамошно заедничко развивање на нашите способности и интероперабилноста во НАТО, како и значењето на колективната безбедност на НАТО за југоисточна Европа и пошироко, во време на воената агресија над Украина, која е осудена од сите земји членки на НАТО и ЕУ.

Во текот на следните денови делегацијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, ќе направи обиколка на Националната команда за управување со кризи во Бурлингтон, Вермонт, Командата на ВС на САД за опремување и вооружување и компанијата Ошкош во Детроит и во Форт Левенворт, соопшти ГШ на Армијата на Република Северна Македонија.

Најнови вести