Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, најави дека клубот ќе создаде своја криптовалута.
„Во моментов го создаваме нашиот метауниверзум, а пред некое време одбивме да бидеме поврзани со компанија за криптовалути. Сакаме да создадеме своја криптовалута и тоа мора да го направиме за себе, имаме доволно талент за тоа. Блокчејнот отвора добри деловни можности. Играчите знаат дека работиме на ова прашање, знаат дека сме модерен клуб кој ги користи социјалните мрежи. Во нивните договори има клаузули со кои можеме да го контролираме светот на незаменливите токени (NFT), метаверс. Работиме на ова прашање“, вели Лапорта.