понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Бабиќ: Татабања беше најдобра оваа сезона

Бабиќ: Татабања беше најдобра оваа сезона

Еурофарм Пелистер загуби со 21-25 кај Татабања во 9. коло од Европската лига. Тренерот Жељко Бабиќ му честита на својот колега Драган Ѓукиќ и кажа дека неговата екипа многу се потрошила за да се справи со перфектната одбрана на Унгарците.

„Нивото на натпреварот беше високо, но ние потрошивме многу енергија во одбраната, не трчавме многу и не ги користевме брзите контри. Не е лесно да се игра ‘шест на шест’, тие играа цврста одбрана, со многу енергија и срце и затоа ни создадоа вакви проблеми. Не сум ја видел Татабања вака добра во одбрана оваа сезона“, изјави Бабиќ.

Марко Кизиќ запиша осум интервенции, откако Мартон Секељ не успеа ниедна.

„Бевме тука некаде со нив, но паднавме во последните минути, ни фалеа неколку важни играчи во ротација. Направивме неколку грешки во одбрана и во напад, но што е, тука е. Останува да се пдоготвиме за следниот натпревар, не застануваме одиме напред. Честитики до Татабања“, изјави Кизиќ.