сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Потресна објава на Олена Зеленска: Ова видео го вознемири светот, еве што се случува во Украина

Потресна објава на Олена Зеленска: Ова видео го вознемири светот, еве што се случува во Украина

„Поради нападот на Путин, Украинците секоја вечер мораат да ги носат своите деца во подруми и да се борат со непријателот под ѕидовите на нивните домови“. Ова е дел од потресната објава на Олена Зеленска, првата дама на Украина.

Зеленска ги вознемири следбениците на социјалните мрежи со потресно видео.

„Вака изгледа Украина во моментов. Еве видео кое светот може да го види – ние сме во војна.  Поради нападот на Путин, Украинците секоја вечер мораат да ги носат своите деца во подруми и да се борат со непријателот под ѕидовите на нивните домови. Украина е мирна земја што прва не нападна. Но, ние нема да се откажеме. Цел свет, погледнете: Ние се бориме за мир и во вашите земји“, напиша таа покрај снимките од воените сцени.