петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон: Русија е веќе виновна за „воено злосторство“ во Украина

Џонсон: Русија е веќе виновна за „воено злосторство“ во Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го нарече рускиот претседател Владимир Путин воен злосторник и побара едногласност на ОН да ја осудат руската инвазија врз Украина. Неговите коментари во Парламентот, предизвикаа овации од присутниот амбасадор на Украина.

Многу пратеници носеа облека во сина и жолта боја.

– Она што веќе го видовме од режимот на Владимир Путин, во употребата на муницијата што тие веќе ја фрлаа врз невините цивили, според мене целосно се квалификува како воено злосторство, нагласи Џонсон.

Британските м,инистрти предупредуваат дека Путин, неговите пријатели и команданти би можеле да се соочат со гонење пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг, кој веќе отвори истрага за инвазијата.

Пред гласањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Џонсон додаде: „Ја повикуваме секоја нација да ни се придружи во осудувањето на Русија и барањето Путин да ги сврти своите тенкови“.

Џонсон предупреди на дополнителни санкции доколку офанзивата продолжи, повторувајќи го новиот слоган од три збора: „Путин мора да падне“.

-Со херојството на народот на Украина… и единството на Западот, не се сомневам дека тој ќе падне и ќе успееме да ја заштитиме Украина.