вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

НЕЗАПАМЕТЕНА ТРАГЕДИЈА ВО УКРАИНА – тројца спортисти не се вратија од војната живи, двајца од нив фудбалери (ФОТО)

НЕЗАПАМЕТЕНА ТРАГЕДИЈА ВО УКРАИНА – тројца спортисти не се вратија од војната живи, двајца од нив фудбалери (ФОТО)

Светската фудбалска асоцијација FIFPRO соопшти дека двајца млади фудбалери го загубиле животот во Украина за време на руската инвазија врз оваа држава.

Станува збор за 21-годишниот Виталиј Сапил и 25-годишниот Дмитриј Мартиненко. Сапил играше во второлигашкиот клуб Карпатис Лавов, а Мартиненко играше за клубови од пониска класа во украинското фудбалско натпреварување.

Сапил беше убиен во воените конфликти во близина на главниот град Киев, додека Мартиненко беше убиен со неговата мајка откако проектил ја погоди нивната куќа.

Покрај фудбалери, Украинците ја споделуваат и веста дека животот го загуби и младиот 20-годишен биатлонец Јевхен Малишев. Тој ја прекина кариерата за да оди да си ја брани државата.

„Длабоко сочувство до татковината, пријателите и семејството. Тој ќе остане во вечното сеќавање“, соопшти биатлонската федерација на Украина.