Роман Абрамович потврди дека планира да го продаде Челси и да се повлече од фудбалската сцена, а оваа информација стана топ тема на светската фудбалска сцена.
Инвестициите на рускиот милијардер му донесоа многу трофеи на Челси, кој е и актуелен европски шампион, но наскоро ќе стартува нова ера со друг сопственик.
Коментарите на оваа тема ќе бидат актуелни наредниот период, а меѓу првите реагираше и поранешниот капитен на Челси, Џон Тери.
– Ти благодарам, Роман. Најдобар сопственик во светот, – искоментира Тери преку социјалните мрежи.
Абрамович најави дека парите од продажбата на Челси ќе ги донира за настраданите семејства во војната во Украина.