Русија од воздух го нападнала градот Чернигов на северот од Украина и уби најмалку девет лица, а рани четворица, изјави гувернерот Вјачеслав Чаус.
Тој посочи дека во воздушниот напад биле погодени две училишта и приватни домови во Чернигов.
#Chernigov. The rocket explosion was filmed by the car’s dash cam. pic.twitter.com/vhW0U0hgH8
— NEXTA (@nexta_tv) March 3, 2022
„Спасувачите работат на терен. Според податоците на Државната служба за вонредни состојби, досега загинале девет лица, а четворица се повредени“, изјави гувернерот. „Киев Индипендент“ објави дека во блиската област има неколку училишта, градинки и болници, а не воена инфраструктура.