четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ракометарките пропуштија шанса за првиот бод во ЕХФ Купот

Ракометарките пропуштија шанса за првиот бод во ЕХФ Купот

Македонската женска ракометна репрезентација во третиот натпревар од ЕХФ Купот на гостувањето против Словенија е поразена со 29:28, но составот предводен од селекторот Љубомир Савевски имаше можност да го освои првиот бод, но во последните моменти од натпреварот Леонида Гичевска не успеа да реализира удар од седум метри.

Почетната фаза им припадна на домаќинките кои поведоа со 5:1, но македонските репрезентативки полека, но сигурно ја намалуваа предноста на противникот и на одмор заминаа со негатива од еден гол и водство на Словенија од 15:14.

На почетокот од второто полувреме стигнавме и првото водство од 19:18, а потоа поведовме и со 23:22. Потоа следуваше серија на Словенкте од 3:0 која на крајот беше решавачка за победа.

Најефикасна во нашиот тим со осум гола беше Симона Стојковска, Гичевска беше стрелец на седум подогоци, а шест пати прецизна беше Сара Ристовска.