среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Бектеши уверува: Нема криза за снабдување со нафта и нафтени деривати, да не се прави паника кај граѓаните

Бектеши уверува: Нема криза за снабдување со нафта и нафтени деривати, да не се прави паника кај граѓаните

Нема криза за снабдување со нафта и нафтени деривати. Има доволно резерви и кај трговците со деривати и во државните стокови резерви. Да не се прави паника кај граѓаните дека ќе има рестрикции на нафта и нафтени деривати, кажа министерот за екиномија Крешник Бектеши во денешното гостување во дневникот на Сител телевизија откако попладнево на дел од бензиските станици низ државата се создадоа колони на возила кои што чекаа на ред да наполнат готиво во своите резервоари.

– Се создава вештачка паника кај граѓаните што може дополнително да направи штета и дисбаланс на пазарот, изјави министерот Бектеши.