четврток, 28. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Неколку скопски улици денеска без вода

Неколку скопски улици денеска без вода

Прекин во водоснабдување денеска од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Коста Новаковиќ“, „Пандил Шишков“, „М. Ш. Шарло“, „Фрањо Клуз“ и дел од „23 Октомври“ (висока зона).

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок ф-150 на улица „Коста Новаковиќ“ брoj 17.

Исто така, од 9 часот без вода ќе бидат коросниците и од улица „Фјодор Достоевски“ поради изведување на водоводен приклучок од ф80 милиметри на „Фјодор Достоевски“ број 28.

Во периодот од 10 часот поради промена на вентил од Ф-2 цола на улица „Никола Тесла“ број 16, без вода ќе останат корисниците од оваа, како и дел од улицата „Руѓер Бошковиќ“.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите.