Шефот на компанијата Спејс Икс, Илон Маск предупреди дека постои голема шанса неговиот широкопојасен сателит Старлинк, кој им го испратил на Украинците за да имаат пристап до Интернет, да биде цел на напади.
-Важно предупредување: Старлинк е единствениот неруски комуникациски систем кој се уште работи во некои делови од Украина, па веројатно е дека ќе биде мета. Користете го внимателно, напиша Маск на Твитер.
Маск ги посоветува корисниците да постават лесна камуфлажа преку антената за да избегнат евентуална визуелна детекција на Старлинк, како и да го вклучуваат само кога е потребно, пренесува Би-Би-Си.
Important warning: Starlink is the only non-Russian communications system still working in some parts of Ukraine, so probability of being targeted is high. Please use with caution.
— Elon Musk (@elonmusk) March 3, 2022