петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона нема да брза со одлука за Адама Траоре

Барселона нема да брза со одлука за Адама Траоре

Траоре во Барселона игра на позајмица од Вулвс со опција комплетно да биде откупен, и покрај неговите одлични изданија, клубот нема веднаш да ја активира клаузулата.

Адама Траоре се врати седум години подоцна откако ја напушти Барселона, тој е производ на Ла Масија.

Траоре веќе импресионираше, има четири асистенции во првите шест настапи за Барса во сите натпреварувања.

Чави е задоволен од неговото влијание, но Барселона нема да брза со активирање на откупната клаузулата за перманентен трансфер која изнесува 30 милиони евра.

Раководството на клубот ќе остави уште време за да направи проценка за Траоре, не сакаат да носат одлука уште сега за да не се покаже како избрзана.

Се е во рацете на Траоре, доколку ја задржи формата, ќе се избори за перманентен договор со својот матичен клуб.