четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен криминалец баран со потерница за седумгодишна затворска казна

Приведен криминалец баран со потерница за седумгодишна затворска казна

На 03.03.2022 во 12.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Б. (27) од Крива Паланка.

Тој бил осуден на затворска казна од седум години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 1 од Кривичниот законик и бил баран со потерница од Основен суд Куманово за доиздржување на казна затвор во траење од четири години и три месеци.

Р.Б. бил спроведен во Казнено – поправна установа Затвор „Идризово“ за доиздржување на казната.