Светскиот рекет број еден Данил Медведев, кој од понеделникот запоседна на врвот на АТП-листата го тргна руското знаме од својот Инстаграм профил на кој има безмалку еден милион следбеници.
Сето тоа ги шокира и ги збесна неговите сонародници, кои почнаа да го плукаат за потегот, објави Спорт 1.
Медведев кој се спротивстави на воената интервенција на Русија врз Украина од биографијата го тргна руското знаме, по што многу Руси го навредуваа дека е „предавник“ и дека се откажува од својата земја.
The new world No. 1 tennis player Daniil Medvedev of Russia – the first player other than Djokovic, Federer, Nadal, or Murray to get to No. 1 since February 2004 – has deleted the Russian flag from his Instagram profile. pic.twitter.com/rhHtCk0aYJ
— Kimberly Givant (@KimberlyGivant) March 3, 2022
Руските клубови и репрезентации се исфрлени од сите натпреварувања во сите спортови, па така и од Дејвис-Купот, но руските поединечни спортисти, како тенисерите, може да настапуваат, ама само како неутрални спортисти, без истакнувања на обележја на својата земја.