вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

114 санкции за брзо возење на територија на СВР Штип

114 санкции за брзо возење на територија на СВР Штип

Денеска (04.03.2022) на територијата на СВР Штип спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 114 возачи. Од нив 12 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.

При тоа 58 во Штип, 18 во Свети Николе, 10 во Кочани… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.