среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Радијацијата околу нуклеарката Запорожје е нормална

Радијацијата околу нуклеарката Запорожје е нормална

Вработените во нуклеарната централа Запорожје, која беше нападната и заробена од руските сили во четвртокот вечерта, велат дека нивото на радијација во регионот е нормално.

„Не се забележани промени во статусот на радијација во регионот Запорожје, позадинското гама зрачење е во нормални граници“, објави украинската државна регулаторна агенција за нуклеарна енергија.

Но, снабдувањето со греење и топла вода во градот Енерходар, каде што се наоѓа нуклеарната централа, се прекинати „поради штетата предизвикана од жестоките борби меѓу бранителите на нуклеарната централа и руските окупатори“, соопшти агенцијата.