петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Украинската војска ја ТРОЛА руската поради овој знак на нивните тенкови

ФОТО: Украинската војска ја ТРОЛА руската поради овој знак на нивните тенкови

На видеата и фотографиите на руските тенкови, оклопни возила и камиони кои се дела од инавзијата на Украина може да се забележи на многу од нив знакот „Z“. Некои од тие симболи се обично напишани, други се во квадрати, трети во триаголници. Има и други симболи: триаголник со две линии од двете страни, круг со три точки внатре и мал триаголник во поголем триаголник.

Западните воени експертите веруваат дека симболите би можеле да се идентификуваат каде се движи одредена серија возила.

Професорот Мајкл Кларк, поранешен директор на одбранбениот тинк-тенк „Руси“, изјави за Скај њуз: „Често овие симболи ќе се засноваат на локација – тие ќе комуницираат каде оди единицата. Ако само ги означат возилата како руски, може да користите само еден симбол.

Фактот дека тие се различни ви кажува повеќе – тие веројатно се знаци кои ви кажуваат кои единици се упатуваат кон северо-источниот или северозападниот дел на областа, на пример“.

Тој рече дека овие ознаки обично се применуваат само непосредно пред нападот, така што непријателските сили не можат да ги копираат.

Исто така, еден симбол може да означува одредена цел за тоа возило, како и спречување на пријателски оган.

Симболи како овие се користени во други конфликти како што се шеврони за американските трупи во Ирак.

Според извештајот на лондонски „Телеграф“, овој тип на ознака се користи за војниците на Росгвардија. Росвардиски трупи значи од руската национална гарда. Ова е различно од војниците на армијата. Трупите на Росвардија директно информираат за сите свои активности директно до претседателот Владимир Путин

Вообичаено, ознаката „Z“ се гледа на такви возила во руската област Белгород.

Но на социјалните мрежи, на страна на која се објавуваат фотографии и видеа од страна на украинската армија се појави фотографија на која се ТРОЛА руската војска поради овој знак.

„Нели мислите дека ова е коинциденција“, пишува во описот на фотографијата.