Украинската армија денеска прикажа снимка од „нов свој успех“ во борбата против руската инвазија, пренесе агенцијата Укринформ.
Украинското Министерство за одбрана на Твитер објави кратко видео на кое се гледа падот на наводно рускиот воен хеликоптер.Хеликоптерот, според снимката, е во низок лет кога речиси од заседа е истрелан проектил кон него од украински систем за противвоздушна одбрана, што исклучително прецизно ја погодува целта.Само неколку секунди подоцна, хеликоптерот паѓа на земја и доаѓа до голема експлозија, а „печурка“ од густ црн чад и оган надлетала над местото на несреќата. (МИА)