Украинската армија денеска прикажа снимка од „нов свој успех“ во борбата против руската инвазија. На социјалните мрежи на кои се постираат фотографии и видеа од украинската армија кружи видео во кое се гледа пад на борбен авион, за кој се тврди дека е руски.
На оваа социјална мрежа е постирано видео во кое се гледа пад на наводно руски борбен авион.
Авионот, според снимката, е во низок лет кога речиси од заседа е истрелан проектил кон него од украински систем за противвоздушна одбрана, што исклучително прецизно ја погодува целта.
Само неколку секунди подоцна, авионот паѓа на земја и доаѓа до голема експлозија, а „печурка“ од густ црн чад и оган надлетала над местото на несреќата, пишуваат на социјалните мрежи.