петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хорхе Мартин ќе стартува од пол-позицијата на првата трка во Мото ГП шампионатот

Хорхе Мартин ќе стартува од пол-позицијата на првата трка во Мото ГП шампионатот

Хорхе Мартин ќе стартува од првата позиција на премиерната трка сезона во Мото ГП шампионатот што се вози за Големата награда на Катар.

Шпанецот со својот мотоцикл на Прамац Дукати оствари време од 1:53,011 минути. Зад него ќе стартува Енеа Бастијанини од Дукати, додека трет во квалификациите беше Марк Маркез на Хонда.

Потоа следуваат Џек Милер, Алеиш и Пол Еспаргаро, Бред Бајндер, Жоан Мир, Франческо Бањаја и Алекс Ринс.

Лоши квалификации имаше шампионот од минатата сезона Фабио Квартараро од Јамаха, па трката ќе ја почне од 11.место.