понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Американците сакаат Израел да посредува помеѓу Русија и Украина?!

Американците сакаат Израел да посредува помеѓу Русија и Украина?!

Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска имаше околу тричасовна средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, според израелски официјален претставник.

Ненајавената средба се одржа со благослов на американската администрација, се вели во соопштението на Кабинетот на израелскиот премиер.

Израелскиот претставник рече дека дипломатскиот притисок на Бенет бил координиран и со Германија и Франција и додаде дека израелскиот лидер „е во тековен дијалог со Украина“.

По завршувањето на состанокот во Москва, Бенет сега е на пат за Берлин на средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, рече израелскиот претставник.

Пред три дена, Бенет одржа одвоени телефонски разговори и со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски апелираше до Израел да посредува во напорите да се постигне прекин на огнот.

Додека Израел ја осудува руската инвазија во коментарите на министерот за надворешни работи Јаир Лапид, самиот Бенет избегнал директна критика кон Русија или Путин.

Израел се обидува да одржи добри односи со Русија во последниве години за да може да продолжи со воздушните напади врз ирански цели во Сирија – што Израел го смета за критично за да се спречи трансферот на прецизно наведувана ракетна технологија на Хезболах, објави Си-Ен-Ен..