понеделник, 22. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Украинскиот преговарач Арахами се надева на отворање хуманитарен коридор од Харков

Украинскиот преговарач Арахами се надева на отворање хуманитарен коридор од Харков

Шефот на украинската делегација за преговорите со Русија, Дејвид Арахами, се надева дека денеска може да се отовори хуманитарен коридор од источниот град Харков.

„Да даде Господ, во недела ќе има коридор“, напиша преговарачот Арахами на Фејсбук, одговарајќи на коментарот на една жена за тоа дека требало да се слуша и да се договори прекин на огнот со Русија.

Жената била од Харков и минала низ „10 дена пекол“, наведе тој.

Претставниците на Украина и Русија во текот на втората рунда разговори во Белорусија, во четвртокот, се договорија да воспостават хуманитарни коридори. (МИА)