петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Радио Слободна Европа прекинува со работа во Русија

Радио Слободна Европа прекинува со работа во Русија

Радио Слободна Европа ја прекинува својата работа во Русија, соопшти медиумот.

Во соопштението потпишано од претседателот и извршен директор на РСЕ, Џејми Флај, се наведува дека рускиот сервис на Радио Слободна Европа се соочува со стечајна постапка и дека неговите новинари биле под притисок на полицијата.

-Сервисот ќе продолжи да се обидува да допре до руската публика користејќи ја „секоја можна платформа”, додаде тој.

Неколку медиумски организации, вклучително и Би-Би-Си, ја прекинаа работата во Русија како одговор на новиот закон со кој се заканува затворска казна за секој за кој владата верува дека шири „лажни вести” за руските вооружени сили.