четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Бастијанини славеше на премиерата во Мото ГП шампионатот

Бастијанини славеше на премиерата во Мото ГП шампионатот

Енеа Бастијанини е сензационален победник на премиерната сезонска трка во Мото ГП шампионатот откако славеше на трката за Големата награда на Катар.

Италијанецот од тимот на Гресини со својот мотоцикл Дукати дојде до првата победа во кариерата во Мото ГП. Бред Бајндер на КТМ беше втор, додека подиумот денеска го комплетираше и Пол Еспаргаро на Хонда.

Марк Маркез заврши како петопласиран, а актуелниот светски шампион Фабио Квартараро беше деветии. Освојувачот на пол-позицијата Хорхе Мартин не ја заврши трката по еден судир со Франческо Бањаја.

Следната трка во шампионатот е за две недели за Големата награда на Индонезија.