вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Петков: Побарав од руската амбасадорка сите оние кои не се вистински дипломати да ја напуштат Софија

Петков: Побарав од руската амбасадорка сите оние кои не се вистински дипломати да ја напуштат Софија

Во интервју за БТВ, бугарскиот премиер Кирил Петков соопшти дека побарал од руската амбасадорка во Софија Елеонора Митрофанова сите од Амбасадата кои не се дипломати и се агенти,  да бидат вратени во Москва за да ја увери Бугарија дека такви скандали нема да се случуваат повеќе.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков рече дека добил лично извинување од Митрофанова и дека руската амбасада во Бугарија ќе биде многу внимателна и ќе се однесува со почит кон бугарските институции за да не се создаваат скандали.

Петков не го коментираше барањето на дел од владејачката коалиција за отповикување на руската амбасадорка од Бугарија.

Според Петков, украинскиот претседател Володимир Зеленски покажал дека може да ја организира својата земја, која е во војна. – Киев покажа издржливост и подготвеност да се бори за одбрана на украинската државност.  За време на телефонскиот разговор на Петков со Зеленски, Киев побара секаква можна поддршка. Бугарија испрати осум камиони со санитарна помош, лекови и хуманитарна помош кои патуваат кон Украина.

Петков рече дека Бугарија досега и давала само хуманитарна помош на Украина и рече дека Софија не испратила муниција и оружје до властите во Киев. Бидејќи е блиску до конфликтот, Бугарија многу внимателно ќе ја организира својата поддршка за Украина во конфликтот.

– Многу е важно луѓето да не подлегнуваат на хибридни напади и лажни вести, како што е недостигот на гориво и дека Бугарија ќе испрати војници во Украина, предупреди Петков. Бугарскиот премиер беше изненаден што три дена откако Стефан Јанев беше разрешен од функцијата министер за одбрана, тој ќе формира своја партија. Петков коментира дека поканата до Јанев да стане министер за одбрана е грешка. (МИА)