вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Русија со предупредување до соседните земји на Украина

Русија со предупредување до соседните земји на Украина

Руската војска ги предупреди соседните земји на Украина да не дозволуваат влез на нејзините воени авиони и порача дека Москва може да ги смета за дел од конфликтот доколку украинските авиони извршуваат борбени мисии од нивна територија.

-Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека некои украински борбени авиони биле префрлени во Романија и други соседни земји на Украина, пренесува Бета.

Министерството предупреди дека доколку овие воени авиони нападнат руски сили од територијата на тие земји, тоа ќе го смета за ангажирање на државата во воен конфликт.  (МИА)