вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Црвен крст: Миниран хуманитарниот коридор за евакуација од Мариупол

Црвен крст: Миниран хуманитарниот коридор за евакуација од Мариупол

Директорот на операцијата на меѓународниот одбор на Црвен крст, Доминик Стилхарт за Би-Би-Си истакна дека евакуациската рута од Мариупол е минирана.

Прашан што не е во ред со таканаречениот хуманитарен коридор истакна дека од двете страни со денови се воделе разговори, но и дека понатаму постојат проблеми при евакуацијата на цивили од бомбардираните градови.

Стилхарт истакнал дека е предизвик да се насочат двете страни на спогодба која ќе биде „конкретна, делотворна и прецизна“.

Додаде дека досега има само начелни договори кои биле прекинати бидејќи немало прецизност, што се однесува за рутата и тоа кој може да ја користи.

Илустрирајќи ги своите тврдења, тој истакнува дека дел од членовите на Црвениот крст вчера се обиделе да излезат од Мариупол преку договорена тута, но набрзо сфатиле дека патот кој им е покажан всушност е миниран.