петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Албанија ќе го промени името на улицата каде што се наоѓа руската амбасада во Тирана во „Слободна Украина“

Албанија ќе го промени името на улицата каде што се наоѓа руската амбасада во Тирана во „Слободна Украина“

Албанија ќе го промени името на улицата во Тирана каде што се наоѓаат украинската и руската амбасада во „Слободна Украина“, со цел да им оддаде почит на украинскиот отпор, истакна вчера градоначалникот на албанскиот граг Ерион Велијај.

Откако Русија изврши инвазија врз Украина, Албанија се придружи на европските земји во воведувањето на економски санкции и забрана за руските авиони за прелетување на нивниот воздушен простот.

-Нашата генерација ќе ја одбележи оваа крвава руска агресија, а на херојскиот отпор ма Украина треба да се сеќаваме на нашите јавни места, рече Велијај за Ројтерс.

Улицата и порано го носела името на Доника Кастриоти, поранешна сопруга на албанскиот национален херој Скендербег.

Велијај рече дека новото име на улицата ќе биде потсетник за вработените во руската амбасада. „Русите ќе мора да работаат, живеат и доставуваат пошта на адресата Слободна Украина“.

Русија, интервенцијата во Украина ја нарекува „Специјална операција“, и дека не е смислена за окупација, туку да ги униушти воените капацитети на јужниот сосед и да аги зароби оние кои ги смета за опасни националисти.