вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Слуцки најави дека набрзо ќе продолжат преговорите меѓу Русија и Украина: Да немаме илузии дека следниот пат ќе имаме конечен резулатат

Слуцки најави дека набрзо ќе продолжат преговорите меѓу Русија и Украина: Да немаме илузии дека следниот пат ќе имаме конечен резулатат

Шефот на комитетот на Думата за меѓународни работи и член на руската делегација Леонид Слуцки вечерва изјави дека набрзо ќе продолжат преговорите помеѓу Русија и Украина.

– Преговорите навистина набрзо ќе продолжат. Да немаме илузии дека на следниот чекор ќе имаме конечен резултат. Тоа ќе биде целосно напорна и доследна работа, истакна Слуцки.

Тој додаде дека „консултациите нема да бидат лесни“.

– Не се надеваме дека нашите колеги веднаш ќе заземат став близок до нашиот и дека потоа целосно ќе го исполнат договорот, наведе Слуцки.