недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Томе Пачовски ќе биде тренер на голманите на македонската фудбалска репрезентација

Томе Пачовски ќе биде тренер на голманите на македонската фудбалска репрезентација

Поранешниот капитен на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Томе Пачовски е нов член на стручниот штаб на селекторот Благоја Милевски, а Битолчанецот ќе ја обавува улогата на тренер на голманите.

За мене е голема чест што добивам можност да работам во националниот тим на Македонија. Со многу радост му се приклучувам на тимот предводен од селекторот Милевски. Верувам во оваа екипа и се надевам дека ќе помогнам. Имаме потенцијал, квалитетни фудбалери, селектор кој е студиозен, ништо не остава на случајност, работи според планирана програма и сака модерен фудбал“ рече Пачовски во изјавата за официјалниот сајт на ФФМ.

Ги познавам фудбалерите во тимот, имаме квалитетни голмани и ќе се обидам да помогнам да бидат подобри и постојани во настапите. Заеднички ќе се трудиме да ја задржиме и надградиме позивната атмосфера во составот. Нѐ очекуваат големи предизвици во следниот периот, но секој вистински спортист се радува на тоа“ додаде тој.

Пачовски е поранешен голман на Пелистер, Брегалница Делчево, Работнички, како и Вардар во домашната фудбалска сцена, а интернационалната кариера ја градеше во дресот на грчки Јоникос, како и белгиските Бершот и Мехелен.