Интернационална ракометна федерација (ИХФ) се приклучи на другите спортски федерации со одлука за суспензија на Русија и Белорусија од сите ракометни активности во светот поради нападот на Украина.
Русите и Белорусите нема да бидат дел од натпреварите кои ги организира ИХФ што значи дека казнети се сите официјални лица, ракометните екипи, ракометари…
Со тоа ИХФ и се приклучи на Европската ракометна федерација (ЕХФ) која веќе го исфрли руските и белоруските репрезентации како и сите клубови и официјалните лица и нивни ракометари