сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Велковски и Ристовски во тимот на колото во Хрватска, Серафимов во Унгарија

Велковски и Ристовски во тимот на колото во Хрватска, Серафимов во Унгарија

Тројца македонски фудбалски репрезентативци се најдоа во тимовите на колото после изминатиов викенд во првенствата на Хрватска и Унгарија, што е добра најава дека се во одлична форма во пресерет на мундијалскиот предизвик со баражот против Италија на 24 март во Палермо.

Капитенот на Македонија, Стефан Ристовски кој беше асистент на еден гол во триумфот на Динамо Загреб и стоперот Дарко Велковски од Риека, имаа забележителни настапи во хрватската ХНЛ-лига и добија најголеми оценки во оваа рунда на своите позиции за да се најдат меѓу 11-мината најдобри за оваа рунда.

Никола Серафимов, пак, со Залаегержег го победи МОЛ Фехевар во унгарскиот шампионат, а неговиот настап не остана незабележан и младиот ценрален дефанзивец си најде место во иделаниот тим за 23-та рунда во унгарскиот шампионат, а ова не е првпат за екс-вардарецот да биде дел од најдобриот тим во колото во Унгарија.